Филипче- Не смее правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот совет од власта
Лидерот на опозицииската СДСМ на фејсбук со реакција на најавата на премиерот Мицковски дека пратеници од неговата партија во собранието ќе иницираат смена на членовите на актуелниот судски совет оти тие според него биле како што утрово напиша во фејсбук статус главно упориште на корупцијата.. Филипче вели дека СДСМ ке подржи реформи во правосудството но со национален надпартиски консензус за кој е потребно формирање заедничка работна група во Собранието кое че ги дефинира и контролира и заеднички ќе ги спроведува реформите во правосудството. Не смееме да дозволиме нова партизација и окупација од страна на власта а ќе подржиме ако ВМРО ДПМНЕ има само искрена намера.
Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта.
СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребене е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чуствителен сегмент.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери.