Филипче: Нема заразени од КОВИД-19, а да ги почитувале мерките

–  Не постои ниту еден единствен анкетен епидемиолошки податок кој што укажува дека некој се заразил со корона вирусот ако ги почитувал мерките, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Само Интервју”, на ТВ Канал 5.

– Секаде каде што анализиравме и направивме увид или не се носеле маски или имало голем собир, со огромен број луѓе на мала дистанца, или дистанцата не се почитувала во рамките на некој семејни настани. Ова е уште еден показател дека за да се заштитиме е почитувањето на овие протоколи. Проблемот потекна од 15 до 20 семејства во Скопје, и останати 20 во други делови од Тетово и Куманово. Од тука се тие жаришта од кои 65 до 70 проценти се во рамки на овие кластери, а 30 проценти се контакти надвор од кластерите, рече министерот Филипче.

Тој исто така одговараше на прашања зошто се не воведе целосен карантин за одредени општини во рамки на град Скопје, при што наведе дека во време кога имаше рестрикција на движењето започна бранот и донеле заклучок дека повторно воведување на такви мерка нема да дадат ефект.

– Ние сметавме дека карантинот не е соодветна мерка, заради тоа што тие луѓе веќе имале контакти низ целиот град. Тие контакти ги идентификувавме на поединечно ниво, ги тестиравме и ги ставивме во изолација. Се сведува на почитување на мерките. Ние се соочувавме со ситуација, со која што луѓето многу често дават невистинити податоци што е за секаква осуда. Не е ограничувањето на движењето трајно решение. Да, во еден момент, но секаде во регионот и во светот се докажува дека после олеснувањето има нови заразени. Вирусот е тука, ќе живеме со него. Мора да научиме да се придржуваме на превентивните мерки. Тоа е единственото решение, тоа нашиот сегашен нов живот, така ќе биде до крајот на годината, и следната година се до наоѓање на вакцината. Суштината е дека не може да живеме затворени, мора да ги почитуваме мерките, порача Филипче.

Тој посочи на податокот и дека третина од починатите во државава од КОВИД доцна дошле на лекар, потенцирајќи дека за секој пацинет е апсолутно направено се.

Back to top button
Close