Филипче од Охрид: Глас против самоволието, ароганцијата, негрижата и лажниот патриотизам

Ароганција, негрижа и лажен патриотизам…Поделби на граѓаните, етикетирање на оние кои се побунија против лошите политики…Правда и правна држава кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт тоа е непозната именка, апстрактна уметност. Театрални изјави без ниту еден донесен закон од реформската агенда. Тоа го истакна истакна Венко Филипче, лидерот на СДСМ од вечерашната партиска трибина одржана во Охрид.

Филипче пред симпатизерите и членството на Коалицијата предводена од СДСМ рече дека наспроти ветувањата од лидерот на владејачката партија, секој ден државата е подалеку од Европа и од демократијата, а секоја изјава на премиерот е нова лага.

– СДСМ е дрежавнотворна партија со обврска пред претците да ја брани оваа држава. За помалку од една година тие донесоа несигурност, донесоастрав кај граѓаните за тоа каде се движи земјава. Должни сме како СДСМ да истапиме, да ги збиеме редовите и да излеземе силно, обединети на овие избори…И сега повикот е поважен и погласен од било кога. Мораме да се бориме за нашиот дом, рече Филипче.

Тој уште истакна дека обврска на партијата е да ја врати надежта дека актуелната власт не може да прави што сака.

– Да дигнеме глас дека нема молчиме пред неправите, ароганцијата и потребите на луѓето. Не смееме да оставиме самоволие на неколкумина да биде државна политика. Не можеме да дозволиме државата да стане алатка за лични интереси…АСНОМ не ја создаде оваа држава за некој да ја приватизира и да ја руши. Да ги руши стратешките позиции кои ги зацртавме и кои се во интерес на сите граѓани. Ако сега не излеземе и да се бориме, на секој ќе му биде уште потешко…Затоа да дигнеме глас против самоволието на ВМРО-ДПМНЕ, рече Филипче.

Според лидерот на СДСМ, владејачката партија докажала дека не знае да работи, дека нема капацитет ниту пак желба да им помогне на луѓето да живеат подобро, дека немаат храброст да да решаваат државни проблеми.

– Затоа, наша обврска е да ги спречиме. СДСМ може да го направи тоа. Потребна ни е мобилизација, единство во вербата дека можеме да се бориме за подобра Македонија.  Ова не е промената што граѓаните ја очекуваа. Наша задача е да ја вратиме вербата кај луѓето дека сме тука за нив…Поделбите во опозицијата се во интерес само на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ…рече опозицискиот лидер.

Охрид е нашиот бисер, градот што го сакаме сите. Но, како што рече, работите одат во погрешка насока.

– Цените на јавните услуги се зголемуваат, а испорака кон граѓаните нема никаде. Квалитетот на животот на охриѓани е се полош, градот се шири неплански и без контрола. Наместо бисер на УНЕСКО, Охрид стана пример за урбанистички хаос со рекорден број дозволи за градба…Капиталните проекти наследени од нас стојат недозвршени. Новите проекти ги нема…Наместо тоа, ние имаме понуда која ќе ја врати довербата на охриѓани во работењето на општината, рече тој.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од Коалицијата на СДСМ, Асен Шајн, речедека наместо да критикува, ќе зборува за иднината, со реални идеи, нов концепт и конкретен план за вистински промени.

– Имаме капацитет и ќе работиме чесно, домаќински, транспарентно и пред се човечки. Инфраструктурата е наш приоритет. Секоја улица, секое маало, секое населено место ќе го добие потребното внимание. Ќе го слушаме гласот на месните и урбани заендици, тое ќе бидат наш партнер и сојузник во работата. Одлуките ќе се носат со народот, а не без него, рече Шајн, најавувајќи подобри услови во образованието, повеќе можмности за младите, урбанистички решенија согласно еколошки практики и препораките на УНЕСКО.

Тој меѓу другото потсети дека СДСМ е партија што покажала дека знае да инвестира во капитални проекти и трајни вредности.

– Тоа не се фалби, тоа се факти. Ќепродолжиме по тој пат со истрајност, посветеност, чесност со работа. Ќе покажеме дека само со СДСМ Охрид може да оди напред, со силна визија и видливи проекти, рече тој барајќи поддршка за промена што ќе донесе подобар живот за сите,.

Пред присутните на трибината се обрати и носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата, Јане Тодороски, кај рече дека Охрид заслужува многу повеќе од она што го има денеска, дека Охрид мора да тргне во друг правец.

– Охрид не само град, тој е нашето наследство…Болка е да се гледа негово уништување, да се гледаат празните ветувања, кога младите си заминуваат, кога секојдневието ние е хаос, и кога градот оди во пропаст…Но Охрид е град на борци, на мудри луѓе, на народ кој си ја знае својата сила. Време е да се си го вратиме Охрид, да кажеме доста со лаги и неисполнети ветувања и негрижа. Охрид е на сите нас, даму ја вратиме иднината, рече тој. аб/са/

Back to top button
Close