Филипче од Ѓорче Петров: Нема иднина со луѓето што  ги нарекуваат лекарите убијци

Ги препознавме вистинските потреби на граѓаните и 50-тина милиони евра обезбедивме за раздолжување на општините и 150 милиони евра за патишта и канализациони и водоводни мрежи, за олеснување на животот на граѓаните, нагласи потретседателот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина во Општина Ѓорче Петров. Тој кажа дека актуелниот градоначалник Александар Наумовски се изборил да ја прмовира месноста Велеполе, која е најдоброто место за да биде лоциран новиот Клинички центар.

-Тука до израз дојде визионерството на Наумовски, кој покрај Клиничкиот центар, во колината има намера да изгради нови спортски терени и нов студентски дом, рече Филипче.

Тој откри дека новиот Клинички центар ќе има над 1000 кревети и ќе биде изграден на над 100 илјади метри квадратни.

-Ќе ги надминеме блокадите на ВМРО-ДПМНЕ. Зарем ќе ги делиме пациентите? Таму можеби ќе се лекуваат нашите мајки, баби, а не дај Боже и ние. Таму ќе се нуди најсовремена медицинска услуга и овој центар ќе биде еден и единствен на целиот Западен Балкан. Нема иднина со луѓето што ја прават блокадата, нема иднина со антиваксерите, нема иднина со луѓето што нас лекарите не нарекуваат убијци, порача Филипче.

Back to top button
Close