(ВИДЕО) Филипче од Париз: Тука сум да го промовирам и бранам националниот интерес на Македонија

Лидерот на СДСМ, кој е во посета на Франција, посочи дека подготовката на резолуцијата со која ќе се одредат „црвените линии“ на земјава е во финална фаза, а документот рече дека ќе биде вин-вин решение за државата и граѓаните

Тука сум да го промовирам и бранам националниот интерес и позициите на Македонија која мора да продолжи по европскиот пат активно, со резултати и со визија.

Ова го порача претседателот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, по средбите што во рамки на денешната посета на Париз ги остварил со француските претставници од Генералниот секретаријат за европски прашања, француското Министерство за Европа и надворешни работи и од парламентот на Франција.

Венко Филипче, лидер на СДСМ / Фото: СДСМ

Филипче посочи дека подготовката на резолуцијата со која ќе се одредат „црвените линии“ на земјава е во финална фаза, а документот, како што рече, ќе биде вин-вин решение за државата и граѓаните.

„Со оваа резолуција ќе понудиме национален механизам за справување со евентуални непринципиелни барања од Бугарија во текот на преговорите ако тие на било кој начин излегуваат од Преговарачката рамка, а се однесуваат на македонскиот јазик, култура и идентитет како темелни вредности кои се веќе се заштитени во повеќе европски документи и со самата рамка. Со носење на резолуција со национален консензус ќе ги потврдиме овие позиции но и ќе изградиме заеднички став како да ги заштитиме и во домашните институции. Со овој документ ќе обезбедиме јасна временска рамка за следните чекори и реформите како конечно одблокирање на европскиот пат”,рече Филипче во видеоизјава снимена во Париз.

Говорејќи во оваа насока, претседателот на СДСМ додаде оти е време за политичка зрелост и одговорност за напредок на државата и нејзино придвижување кон Европската Унија.

Back to top button
Close