Филипче: Од „Систина“ јасно ми кажа дека нема да ги намалат цените, а Жан Митрев изрази спремност

Државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, со директорите на три клиники веќе е разговарано, но само од една добил одговор дека ќе се обидат да извршат намалување на цената за одреден процент.

„Иако апелирав тоа да се направи заради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика, истакна Филипче.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close