Филипче: Од скандал во скандал, од задолжување во задолжување – никаков прогрес со оваа власт

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конференцијата организирана од Институтот Прогрес упати сериозна критика до актуелната влада и ја опиша моменталната состојба како опасна по економската и институционалната стабилност на државата.

„Изминатата година и пол држава ја води тотално неспособна и недемократска власт, која што можам слободно да кажам, дека државата ја води кон државен и економски крах“ – рече Филипче.

Тој предупреди на целосен застој во развојот на земјата, постојани скандали и растечки долгови.

„Од скандал во скандал, од задолжување во задолжување, никаков прогрес, никаков развој на земјата во ниту еден сектор. Огромни кредити, од сомнително потекло, земени на нетранспарентен начин, 7 милијарди евра задолженост, која што држава не ја видела од 1991 година, од својата самостојност“ – рече Филипче.

Посебен акцент беше ставен и на кризата во безбедносниот систем, каде што, како што рече, довербата во институциите е сериозно нарушена.

„Скандали во сферата на безбедност, како во Агенцијата за национална безбедност, со фалсификувани дипломи, секојдневни убиства, запалени возила во Скопје, небезбедни улици. Ова е секојдневниот кое го живееме со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Според него, стагнација има и во образованието, здравството и стандардот на граѓаните, со што се урива основата на секое функционално општество.

Back to top button
Close