Филипче: Одлично оди процесот на вакцинација во салата „Борис Трајковски“

Одлично оди процесот на вакцинација во салата „Борис Трајковски“. Денеска се вакцинираат дел од здравствените работници и наставничките од прво до трето одделение. Утрово имавме консултација со членовите на работната група за имунизација, со повеќе директори на клиники во врска и со местата во болниците и со некои други актуелни прашања, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со местата за хоспитализација, рече дека сосема доволен број кревети има во Скопје и ширум државата и веќе од вчера не се чувствува тој притисок како што беше до вчерашниот односно завчерашниот ден.

– Се надевам дека нема да има некакво изненадување. Значи веќе има слободни кревети на Интерните клиники, каде досега беше најголемиот притисок. Се уште има голем број хоспитализирани и за жал се уште има и голем број пациенти кои се во тешка клиничка форма на болеста за кои се преземаат сите мерки и на интензивно и друга форма на болничко лекување, посочи Филипче.

Back to top button
Close