Филипче: Одлуката да не гласаме за сејф сити е со консензус на пратеничката група. Нема извинување за Деспотовски

Обвинувањата од Шилегов дека одлуката на СДСМ да не гласа за законите за безбеден град е донесена Филипче без никој да консултира лидерот на СДСМ ја негираше на денешниот прес.

– Не е точно тоа, да не гласаме за сејф сити одлучивме со консензус со нашата пратеничка група – кажа Филипче.

Филипче негираше и некаков раскол во пратеничката група која според Шилегов ќе се поделела и ќе му откажела послушност на лидерот. Тој тврди дека се во постојан контакт со сите пратеници а таквите тврдења се дел од сценариото за предизвикување внатрешен раскол во партијата.

-Ние работиме на приближување на помали партии односно целосно преминување во нашите редови а вратите на СДСМ биле и ќе бидат отворени за секој и за неистомислениците да дојдат и да разговараме за се што ќе придонесе за јакнење на СДСМ.

Прашан дали ќе му се извинат на Јован Деспотовски оти според него го клеветеле дека е квинслинг на ВМРО ДПМНЕ претседателот Филипче категорично одби.

„Не не се извинуваме, нека тужи” кажа тој.

Тој ги повтори тврдењата  дека против неговата партија се води хајка, односно организирана кампања, од власта преку „владини медиуми“, но и посебно се пожали зошто новинарските здружение и синдикат – ЗНМ и ССНМ го напаѓаат, а не се ставаат во одбрана на „слободата на говорот“.

Венко Филипче, денеска порача дека нема намера да се повлече од функцијата бидејќи, како што истакна, неговата главна цел е да продолжи да се бори за „заздравување на општеството, искоренување на корупцијата и враќање на државата на европскиот пат“.

– Јас верувам во ова што го правам. Човек сум што работи прецизно и добро пресметав пред да се нафатам на ова. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите и да влеземе во Европската Унија. Тоа е мојата стратешка цел – изјави Филипче.

Филипче истакна дека СДСМ останува целосно обединета партија, со синхронизирана и компактна пратеничка група, а дека процесот на внатрешна консолидација во општинските организации е во тек.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close