Филипче: Плакинилот е веќе дистрибуиран и го има на Клиниката за ревматологија

 Пациентите со ревматски заболувања може и за двата лека кои се користат за лекување да се јават или на Клиниката за ревматологија или во некои аптеки. Со сигурност лекот е веќе дистрибуиран минатата недела, изјави министерот за здрваство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за недостиг во аптеките на лековите „Резохин“, „Плакинил“ и „Арава“ за третман на хронични ревматски заболувања.

Тој појасни дека има две групи на лекови, едни кои се достапни кај нас и други, кои пациентите сами ги набавувале од странство.

– Плакинилот е веќе дистрибуиран и го има на Клиниката за ревматологија и го има во одредени аптеки. За време на вонредната состојба пациентите можеа да пратат меил со барања и адреса до Агенцијата за лекови и да им биде донесен во најблиската аптека, но сега го има. Плакинилот се дава по индикација и не е лек загрозен за третман на КОВИД-19 и има сосема доволно, изјави Филипче.

Другата категорија, изјави Филипче, се лекови што и претходно ги немало кај.

– Меѓутоа многу е битно да се види дали има и соодветен друг генерички лек, што може да се користи за оваа терапија. Многу битно е како се земал лекот, кој го препишувал. Ние имаме нависина голема широка палета на лекови во аптекарската листа, на болничките листи. Може во секторот за фармација во министерството да се информираат, па да најдеме начин, ако не може со некоја од овие алтернативи да стигнат до потребниот лек, изјави Филипче.

Back to top button
Close