Филипче: По седум години платите почнаа да паѓаат, се случува целосна деградација на работниците

„Платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари. Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Тој додаде дека се случува целосна деградација на работниците и нивните права и се враќа политиката на евтина работна сила.

„И додека платите паѓаат и стандардот се намалува, Владата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците. Мерките се задоцнети и без ефект. За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните“ вели Филипче.

Тој додаде дека за 100 дена нема никаков траг од епскиот криминал кој наводно ќе го докажувале, а наместо докази и постапки има само прес-конференции за јавен линч на опозицијата.

„Мицкоски партиската говорница ја претвори во Јавно обвинителство. Се враќа времето на најлошата пропаганда со која ќе се уништуваат животите на невини луѓе“ рече Филипче.

Back to top button
Close