ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците

ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците

Филипче очигледно заборава дека пациентка умре во Штип затоа што немаше кој да и даде кислород.

Филипче е глава на систем во кој се вакцинира преку ред.

Со недели немаше клексани. Народ примаше инфузии во болнички дворови, а живи луѓе лежеа со починати.

Филипче е човекот кој го урниса здравството.

Наместо да набавува вакцини, Филипче лета со хеликоптер и вози мотори со Заев.

Филипче, џабе смислуваш лаги, кој да ти верува? Па народот на своја кожа ја чувствува твојата неспособност. Еден добар совет од ВМРО-ДПМНЕ, не го лути народот со твоите лаги, ако не те бива дај си оставка.

Back to top button
Close