Филипче: Постарите од 60 години да примат трета доза вакцинa
Трета доза вакцина да примат граѓаните на возраст над 60 години, сите здравствени работници без оглед на возарста и сите лица кои имаат имуно компромитирана состојба без оглед на возраста е препораката што ја даваат здравствените власти во земјава, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
– Вчера пристигнаа 100 000 вакцини „Фајзер“, 50 000 од „Синовак“. Се зголемува бројот на слободни кревети на Инфективна клиника, како и на интерните клиники. Според новите препораки, се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60-годишна возраст и кај здравствени работници, без разлика на возраста, како и за хроничните болни, без разлика на возраста. Третата доза ќе биде од „Фајзер“, вели Филипче.
Според Филипче, а апликација на трета доза треба да се поминати најмалку 6 месеци по втората доза, а препораката важи и за оние што прележале ковид-19. Исто така, трета доза во земјава ќе може да примат и оние кои претходно се вакцинирале во странство, но за тоа ќе треба да се пријават во кој било пункт во земјава за да се внесат нивните податоци.