Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Во своето обраќање на митингот во Радовиш, носителот на изборната листа на СДСМ во ИЕ 4 Венко Филипче се осврна и на предлогот од ЗНАМ на Максим Димитриевски до раководството на СДСМ.

-Понудата на ЗНАМ кон СДСМ не е реална понуда и таква понуда е очекувано да биде одбиена од кое било раководство, затоа што е направена со цел да биде одбиена. Неговиот предлог личи дека е напишан во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е само алиби за да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во која е ефективно уште од 2021 година – порача Филипче.

Оние кои му мислат добро на СДСМ, додаде тој, секогаш остануваат и се борат одвнатре да ги менуваат работите на подобро.

-Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ – порача Филипче, и побара масовна поддршка на изборите на осми мај.

Back to top button
Close