Филипче презентира резолуција со црвени линии и предлог решенија за продолжување на европскиот пат

Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културни особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ, и дека Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален и идентитетски карактер.

Ова се двете главни точки од Резолуцијата за дефинирање заеднички позиции за продолжување на европскиот пат на државата, што денеска ја презентираше на брифинг со медиуми лидерот на СДСМ Венко Филипче.

– Ова се нашите црвени линии. Ова е предлог решение за постигнување на сите заеднички национални и стратешки цели со консензус со оглед на високото мнозинство граѓаните за членство на државата во ЕУ, изјави Филипче.

Документот како работна верзија најпрво ќе биде доставен до сите политички партии, а потоа во Собранието да се излезе со заеднички документ.

– Документот доаѓа со предлог закон, за улогата на Собранието во процесот на евроинтеграцискиот преговори. Очекувам сите да бидат конструктивни и да не се злоупотребува за политички цели во предизборни кампањи, нагласи Филипче.

Документот, како што посочи, содржи и конкретна временска рамка, како и механизми кои чекори треба да ги преземе Собранието доколку некоја од земјите членки задираат во идентитетските прашања.

– Сметам дека е крајно неодговорни да не се прави ништо на ова поле. Ако ние постигнеме национален консензус никој нема да може да се бори со нас и да не запре, порача Филипче.

Back to top button
Close