Филипче: СДСМ нема да биде алиби за избори

СДСМ нема да биде алиби на власта за предвремени парламентарни избори – изјави денеска лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција.

– Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот кој има двотретинско мнозинство. Апсолутна власт на секое ниво претседателката, извршната власт, Собранието, мнозинството во општините, централна и локална власт… Може да направи избори кога сака. Избори ќе има кога ќе снема пари за коруптивните тендери – рече Филипче.

СДСМ, според него, се спрема секојдневно за избори, најавувајќи дека следниот месец ќе биде презентиран „Мастер план за Македонија“ во неколку чекори, за граѓаните да знаат кои се нивните ветувања.

Претседателот на СДСМ не сакаше да го коментира ставот на ДУИ за предвремени парламентарни избори велејќи дека не го видел бидејќи бил објавен непосредно пред прес-конференцијата, а за тоа дали ќе присуствува на лидерска средба за избори, доколку дојде до тоа, рече дека „СДСМ е спремна да учествува во се што е добро за државата“. – Ќе одам на која било средба ако е за доброто на граѓаните и државата – рече Филипче.

Back to top button
Close