Филипче: СДСМ предлага и министрите да мора да имаат едно државјанство

СДСМ предлага амндмани на Законот за Влада, кои што, немаат врска со Законот за Пржинска влада, и се однесуваат на тоа дека носителите на функции во владата мора да имаат едно државјанство, појасни денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека дополнително даваат амандмани и на предлогот што вчера го даде ВМРО-ДПМНЕ за пратениците, тоа што тие го бараат да важи и за овој актуелен состав.

 

– Не е јасно кажано, дали тоа што тие го бараат ќе важи и за овој актуелен пратенички состав. Нашето толкување е дека не, и затоа даваме амандмани да биде јасно и точно одредено со членови, преодни и завршни одредби тоа што сега е поднесено од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за пратениците да важи од овој актуелен пратенички состав – изјави Филипче.

Прашан за коментар на изјавата на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, и во какви однноси се, Филипче рече дека тоа треба да го објасни Митовски, нагласувајќи дека нема да дозволат таков рудник во Кривопаланечко без да се прашаат граѓаните.

-Каква врска има во какви односи сум со јас лично и какви се тие двојни стандарди и двојни односи, едни за пред, едни за зад камерите – е, тоа треба да објасни градоначалникот – порача Филилпче.

Филипче нагласи дека нема да дозволат здравјето на граѓаните да биде загрозено поради, како што вели, бизснис интересите на оваа власт, посочувајќи дека градоначалникот без разлика од која партија е, има обврска да ги праша граѓаните за таков проект.

-Ние стоиме на страната на интересот на граѓаните. Има обврска градоначалникот, кога станува збор за таков проект, за којшто гледаме дека зад него стојат бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ, еден од потписниците на тие договори за рудникот е донатор во ВМРО-ДПМНЕ. Се досега е поврзано со бизнис интересите на премиерот и оваа владејачка гарнитура. Тоа се знае, секојдневно излегуваат информации – изјави Филипче.

Back to top button
Close