Филипче: Се очекува мирно лето, но сепак треба да бидеме претпазливи

Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна и нема никакви знаци дека нешто ја влошува. Претстојните летни месеци, според проценките, епидемиолошката ситација ќе биде мирна, вели министерот за здравство венко Филипче, кој додава дека сепак граѓаните треба да бидат претпазливи, да ги почитуваат мерките оти секогаш може да се јави мутација на вирусот која би била позаразна од оние кои циркулираа.

-Никој во светот во ниедна земја не може да даде точно предвидување. Може да се случи да има некаква мутација на вирусот да биде поконтагиозна од сите соеви и тоа да ја смени епидемиолошката слика. Во некои земји тоа се случува. Вакцинацијата помага да нема тешки форми на болеста или смртни случаи. Имајќи го тоа на ум и гледајќи како се одвива ситуацијата во нашиот регион и другите земји, нашата проценка е дека следниот период од два месеца ќе имаме мирна епидемиолошката ситуација, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ЈЗУ Универзитетска ллиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар.

Нагласи дека граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките кои се во сила со цел да го заштитат своето здравје.

-Маските се секогаш тука, кога има групирање иако не е задолжително, не е лошо тие да им бидат при рака и да ги стават. Сепак, се работи за заштита на нивното здравје, рече Филипче.

Тој посочи дека здравствените установи се вратија на своите примарни дејности. Позитивни на корона има само на Инфективната клиника и на инфективните оддделенија во болниците. Филипче потенцира дека сега не се чувствува наплив на пациенти со други заболувања затоа што сите болници покрај што лекувале од КОВИД-19 давале услуги од својата примарна дејност.

-Нема сега клинка или болница на која тоа не и беше дејсност, а беше ковид-цетар па сега да прима позитивни пациенти. Позитивни има само Инфективната клиника во Скопје, уште неколку пациенти на Институтот за белодробни заболувања, а во болниците има во рамки на инфективните одделенија кои се дел од интерни одделенија, рече Филипче.

Според досегашното искуство, на пулмологија и на педијатрија се заболежани случаи на пациенти со пост-ковид симптоми, кои, како што рече Филипче, се манифестираат со последици на бели дробови, потешкоти со дишењето, но тоа лесно се надминува со терапија.

Министерот за здравство нагласи дека и покрај подобрување на епидемиолошката ситација во земјава  засега не се планира да се дозволи работа на затворените делови на угостителските објекти.

Back to top button
Close