Филипче: Секој од нас може да спречи насилство, жртвите на родово базирано насилство мора да знаат дека не се сами

Секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, мора да знаат дека не се сами, објави денеска на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека дава поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на индивидуалниот, но и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство.

– Само заедно можеме да се избориме против молкот и стигмата, но и да обезбедиме поддршка, заштита и сигурна средина која ќе ги охрабри жртвите да проговорат гласно и да кажат не за насилството, напиша Филипче.

Back to top button
Close