Филипче: Семејствата на Емилија, Верица, Марија, Јасмина и Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска ги посетил пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор.

Како што соопшти министерот, тие се во добра состојба.

„Првата трансплантирана пациентка пополека целосно се опоравува, а вториот пациент е се уште на Oдделот за интензивна нега и терпија, но е во добра состојба.  Со трансплантациите на срце почнавме едно ново поглавје во медицината во земјава кое отвори надеж за хронично болните  пациенти кои немаа друг избор за лекување.  Семејствата пак на Емилија, Верица, Марија, Јасмина, Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството и ни покажаа што значи да се дарува орган за да се спаси нечиј живот“,пишува Филипче на Фејсбук.

Во земјава се зголемува свеста за донирање на органи и спасување на животи.

 

Back to top button
Close