Филипче: Шест години НАТО – Со државничките политики на СДСМ ја обезбедивме безбедноста на Македонија
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска преку социјалните мрежи упати честитка по повод шестгодишнината од членството на Македонија во НАТО Алијансата. Тој истакна дека влезот во најмоќниот воено-политички сојуз на 27 март 2020 година претставува историски момент и исполнување на клучниот национален интерес.

Според Филипче, токму одговорните политики на претходната власт предводена од СДСМ овозможиле брза пристапна постапка.
„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани“, истакна Филипче во својата објава.
Тој додаде дека во време на актуелни глобални безбедносни ризици, уште појасно се гледа стратешката важност на оваа одлука, потенцирајќи дека денес зад македонската безбедност стои најмоќниот сојуз во светот.





