Филипче: Следната недела ќе одлучиме дали ќе има полициски час за Велигден

Следната недела ќе одлучиме дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното гостување на Сител.

Тој рече дека тоа ќе зависи од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период. Одлуката, како што посочи, ќе биде донесена во текот на следната недела.

Филипче нагласи дека состојбата се стабилизира и спласнува притисокот врз болниците, иако голем дел од одделенијата кои примаат ковид пациенти не се целосно ослободени поради тоа што сè уште има голем број на дијагностицирани пациенти кои поради карактеристиките на болеста и подоцнежното влошување на состојбата, постои можност да побараат медицинска помош во следниот период.

Во поглед на вакцинацијата, министерот истакна дека граѓаните кои примија прва доза од вакцината „АстраЗенека“, а сакаат да се ревакцинираат со истата вакцина, тоа може да го сторат во соседна Србија. Министерството за здравство останува на препораката да не се прима ревакцинација од „АстраЗенека“ кај лица помлади од 60 години.

– Доколку граѓаните сметаат и имаат волја да ја примат втората доза на вакцината на „АстраЗенека“, тоа може да го сторат во соседна Србија. Ние не препорачуваме да се прими ревакцина од вакцината „АстраЗенека“ кај сите кои имаат возраст помала од 60 години – изјави вечерва Филипче.

Засега, Министерството останува на ставот оваа вакцина да се дава на лица постари од 60 години.

– Ние засега нема да ја даваме вакцината на „АстраЗенека“ кај помлади лица од 60 години затоа што сепак има мала бројка на тромботични ситуации кои се посебно предизвикани кај помлади луѓе и сметаме дека треба да бидеме внимателни. Сè уште нема јасна препорака, иако има некои најави, дали лицата кои се помлади од 60 години, а примиле прва доза од „АстраЗенека“ дека треба да примат друга вакцина. Од препораките што ќе произлезат од националните агенции на некои европски држави или од Европската агенција за лекови, ќе зависат и нашите препораки – рече Филипче.

Тој појасни дека тромботичните реакции се јавуваат отприлика 14 дена по примањето на првата доза од вакцината.

Дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници, министерот рече дека тоа ќе зависи од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период. Одлуката, како што посочи, ќе биде донесена во текот на следната недела.

Тој нагласи дека состојбата се стабилизира и спласнува притисокот врз болниците, иако голем дел од одделенијата кои примаат ковид пациенти не се целосно ослободени поради тоа што сè уште има голем број на дијагностицирани пациенти кои поради карактеристиките на болеста и подоцнежното влошување на состојбата, постои можност да побараат медицинска помош во следниот период.

Back to top button
Close