Филипче со проценка: „Можно е ВЛЕН да биде заменета со ДУИ по изборите, ВМРО прави сè за својот интерес“
На новинарско прашање дали е можно по изборите да дојде до промена во владејачката коалиција и ВЛЕН да биде заменета со ДУИ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави:
„Мислам дека е сè можно кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање. Тие не ги земаат сериозно работите кои ги ветуваат, така е лесно да го кажуваат. Тоа го видовме и сега, и изминатата година, и сега сме сведоци дека огромен број од ветувањата и работите што ги кажале пред 4 години, таму кај што имаат сега градоначалници едноставно не се исполнети. Мислам дека за нивниот тесен партиски и личен интерес се спремни сè да направат,“ изјави Филипче.