Филипче: Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица. Состојбата е критична, итно да се донесат сите законски измени

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва предупреди дека ситуацијата со корона вирусот станува критична и дека сите мерки и законски измени мора да се донесат итно.
-Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен.
Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.
Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита, напиша Филипче.

Back to top button
Close