Филипче: Тоа што од нас го бара ЕУ, не го бара само Бугарија тоа е документ на ЕУ,  на Брисел

-Кога станува збор за националните интереси, кога станува збор за врвните државни интереси и стратешката цел на нашата земја тоа е ЕУ тука ниту јас лично ниту СДСМ не сметаме дека тоа треба да е предмет на препукување во дневната политика, не калкулираме, нема итроштини, не правиме никакви трикови- изјави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сметам дека доколку ВМРО–ДПМНЕ и премиерот имаат ваков сериозн пристап кон темата а не гледам причина да немаат тогаш сметам дека ќе најдеме решение.

Тоа што од нас го бара ЕУ, не го бара само Бугарија тоа е документ на ЕУ,  на Брисел, практично е нешто што е резултат на бројни преговори на еден долготраен процес. Јас ја разбирам грижата на граѓаните а тоа меѓу другото тие на некој начин и го изразија за време на минатогодишните избори кога во тој контекст така гласаа кога станува збор за СДСМ наспроти ВМРО–ДПМНЕ и сметам дека таа грижа на граѓаните не треба да ја оставиме на страна, исто така сметам дека во ниту еден документ не се загрозени ниту националните интереси, ниту е направено некакво предавство. Меѓутоа исто така сметам дека мора сите политички чинители да седнат заедно на маса и да одредиме што е тоа што јасно и гласно еве во еден документ можеби цитиран од претходни документи, договори потпишани, резолуции и тн, треба да го формализираме за да знаеме како ќе проодолжиме напред и да ги информираме граѓаните за тоа.

 

Back to top button
Close