Филипче: Уплашен од вистината за мигранти за пари, Мицкоски го повикува Обвинителството, а не сака да ја потпише резолуцијата што ја предложивме

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во дневникот на Сител вечерва беше прашан за коментар на денешната закана на премиерот Мицковски дека Обвинителството треба да се позанимава со СДСМ односно со тоа што деновиве го говорат јавно за мигранти од Велика Британија и со кое, како што велат, ги вознемируваат и плашат граѓаните.

-Ја видов изјавата на премиерот,тоа е доказ дека е уплашен дека ќе излезе вистината дека договориле во Лондон преземање на мигранти за пари на кои Британија не сака да им даде азил и бара начин да ги исели од нивна територија – одговори Филипче.

„Ги понижи граѓаните, им удри шлаканица, им кажа не е важно што вие мислите, што вие сакате, како вие резонирате, вие не гласавте, е сега ние ќе правиме што сакаме“, рече Филипче.

-Не само пишувањата на најугледни весници и телевизии од Британија, но и од Европа, имаме информации од Лондон дека договор за мигранти за пари е направен – рече лидерот на СДСМ тврдејќи дека тие се одговорна партија која никогаш не сакале да ги паничи и плаши граѓаните туку предложиле резолуција која би ја потпишале сите партии во парламентот со што ќе гарантираат дека никој и никогаш нема да донесе мигранти за пари во државата.

-Спин е – вели тој – дека во владата на Заев во која тој бил министер гласал за изградба на мигрантски камп во Бардовци.

-Вистината е дека преку МВР имаше проект за изградба на привремено сместување на мигранти кои влегле и ни се шетаат во државата но тогаш опозицијата го спречи тоа. Такво прифатилиште и денеска има во градинка во Гази Баба, замислете, среде населба а идејата беше да се изгради центар во кој ке бидат изолирани од граѓаните се додека не се подготват документи истите да ја напуштат државата. Тоа нема никаква врска со ова со мигранти за пари на кои Британија од безбедносн причини не им дава азил. За Британија не се прифатливи, а за нас како што договорила владата се прифатливи за пари –  рече Филипче и додаде дека СДСМ нема да се согласи со такви тајни договори.

Прашан дали со тоа што деновиве СДСМ го прави со мигрантите нема да го навреди стратешкиот партнер Велика Британија лидерот на СДСМ одговори “Напротив тоа го прави владата на Мицковски со тоа што крие од граѓаните што договорила со нив”.

-Еве ја резолуцијата што пред некој ден ја доставивме во парламентот и ги повикуваме да ја потпишеме сите. Зошто не сакаат да ја потпишат и да излеземе заеднички со гаранција дека нема да прифаќаме мигранти за пари на територијата на државата кои не можат да одат во земјите на ЕУ и не можат назад во нивната држава, најверојатно поради криминални досиеа. Ние се стремиме за ЕУ што ке им правиме нив, таму им е забранет влез или владата нема намера за влез во Еу и за пари договара да прими лица кои за Британија и ЕУ не ги исполнуваат безбедносните услови – изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче за ТВ Сител

 

Back to top button
Close