Филипче: Уште една успешна трансплантација на срце

„Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53 годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија.Во периодот кој следи го очекува критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија.
На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесет годишната пациентка која подолг период беше на дијализа“-овие прекрасни вести ги сподели министерот за здравство д-р Венко Филипче на социјалната мрежа фејзбук.
Тој на пациентите им посака побрзо опоравување и многу здравје, а на колегите кои биле дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честиташе за уште еден успех.
„Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот“-напиша Филипче.

Back to top button
Close