Филипче: Успешно се справуваме со кризата, оти вложивме во човечки капитал во здравството

На а презентација на програмата од коалицијата „Можеме“ во Куманово, Венко Филипче испрати пораки до граѓаните во врска со задравствената состојба и рече дека сите членови на здравствeниот систем херојски се справуваат со оваа криза.

„Тие се хероите на нашето време. Се покажа дека навремената интервенција даде резултати. Ние секое ветување дадено кон здравствените работници го исполнивме. Најмногу вложивме во човечкиот капацитет на здравствениот систем и само заради тоа успешно се справуваме со корона-кризата“,рече Филипче на средбата со кумановци на која присуствуваше и носителот на втората изборна единица Оливер Спасовски.

Во три години, додаде Филипче, здравствените работници имаа три покачувања, платата на медицинските работници никогаш не била повеќе качена и никогаш поголема од сега.

„Продолжуваме да вложуваме во човечките потенцијали и да ги подобруваме условите за работа на лекарите и за третман на пациентите“, рече Филипче

Back to top button
Close