Филипче – Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска одржа состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот се разговараше за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата, се посочува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

 

Претседателот Филипче изрази благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.

 

На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди.

 

 

 

Филипче нагласи дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.

 

Воедно, Филипче порача дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Back to top button
Close