Филипче: Верував дека ВМРО-ДПМНЕ има план за евроинтеграциите, но тоа се покажа како неточно

2024 година беше обележана со целосно неконтролирани покачувања на цените во маркетите, кои претставуваа директен удар врз џебот на македонските семејства. Наместо да реагира и да ја заштити куповната моќ на граѓаните, Владата на ВМРО-ДПМНЕ дозволи овој „грабеж“ да се одвива пред нејзините очи, со целосна поддршка и пасивност на премиерот Христијан Мицкоски.

„Се проценува дека десетици милиони евра се одлеани од џебовите на граѓаните во интерес на големите трговски синџири,“ истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој додаде дека платите, кои постојано растеа седум години по ред додека СДСМ беше на власт, сега стагнираат, а цените секојдневно растат.

„Разликата меѓу приходите и трошоците на граѓаните никогаш не била поголема. Ова е јасен показател за неспособноста на Владата да управува со економијата во интерес на граѓаните. Наместо да создаде економска стабилност, Владата ги фаворизира интересите на малцинството – на бизнисите кои профитираат на штета на обичните граѓани,“ потенцира Филипче во интервју за „Независен“.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги исполни своите ветувања за подобрување на животниот стандард, туку ја доведе државата во економска несигурност. Платите стагнираат, куповната моќ на граѓаните се намалува, а политиките на Владата се сведуваат на служење на тесни бизнис интереси.

СДСМ останува цврсто посветен на борбата за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување економска стабилност за сите.

Реалноста, Филипче, е дека мнозинството граѓани даваат поддршка за интеграциите во Европската Унија и дека ВМРО-ДПМНЕ ветила дека ќе најде начин како да го направи тоа. Од таквите ветувања, смета Филипче, досега нема ништо, а пораки нема ниту од официјалните преставници на ЕУ.

„Ветуваа дека со мудра дипломатија ќе ги продолжат преговорите, но со нови, подобрени услови и дополнителни гаранции. За жал, засега гледаме само повремени изјави од владини претставници за подобрување на нашата преговарачка позиција, но никаква слична порака не доаѓа од официјалните европски претставници“, вели лидерот на СДСМ.

Back to top button
Close