Филипче: ВМРО ДПМНЕ  ковид кризата ја мина во политичко лешинарење. Мицковски крие дали е вакциниран, додека здравствените работници гинат од работа

Грижата за здравјето на граѓаните во пандемијата на ковид-19, Мицкоски требаше и можеше да ја покаже со лични примери и дела. Тоа го прават вистински лидери и одговорни политичари каков што тој не е, порача министерот за здравство, Венко Филипче.

До денеска не разбравме дали и кога е вакциниран, бидејќи човекот се криеше. Толку многу му е важно политизирањето на секој аспект од кризата, што ниеднаш не испрати јасна порака дека и другите треба да се вакцинираат. Ниту еден од сопартијците на Мицкоски не повика на вакцинација, ниту еден пратеник не излезе пред камера, бегајќи од медиумите после примена вакцина, критикува Филипче.

Мицкоски, продолжи првиот човек на здравство, „прв ги прекрши протоколите, одејќи по ресторани и теретани, а потоа и безочно лажеше во јавноста“.
Целиот период од речиси две години, ВМРО-ДПМНЕ го мина во политичко лешинарење и собирање на поени. додека здравствените работници гинеа од работа. Без трошка чувство за одговорност и натпартиско делување ја минаа пандемијата. Освен полна уста со напади, измислени афери и опструкции, Мицкоски и ДПМНЕ не понудија ништо, нула, коментира Филипче.
Но, вели тој, „затоа понудија многу блокади за покачување на плати и заеми за здравствени потреби“.

„Јас како министер и тимот кој работи со мене, многу добро знаеме што значеше и сè уште значи да се менаџира кризата. Со сите донесени тешки одлуки, со сите добри и лоши проценkи, среќни и несреќни ситуации, ние две години безпоштедно се бориме за здравјето на граѓаните. Тоа и ќе продолжиме да го правиме“, нагласи министерот за здравство.

Back to top button
Close