Филипче за Шилегов- Пронајдоа еден од нас, послаб, уценет ,за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови
Председателот на СДСМ Венко Филипче со фејсбук статус му одговори на вчерашниот повик на екс градоначалникот на Скопје од редовите на СДСМ Петре Шилегов да си поднесе оставка нарекувајќи го тезгарош.
Во одговорот Филипче пишува дека зад повикот на Шилегов стои власта соочена со разобличување од опозицијата на операцијата на власта за мигранти од Велика Британија за пари.
Тие пронајдоа еден од нас, послаб. за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови.Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени,
Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме,напишал Филипче во одговорот на фејсбук.
Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор.
Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства. Тоа јасно се гледа и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината.
Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови.
А вие видовте и каква машинерија беше подготвена – за помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија на своите канали.
Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови.Ги искор истија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени,
Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме.
До него е да одлучи која страна ќе ја избере.
По овој пат сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбраниме
Македонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди.
Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи.






