Филипче за вечерва во 19 часот најави вонредно обраќање

Министерот за здравство за в 19:00 часот најави вонредно обраќање во медија центарот на Владата. За обраќањето не се предвидени новинарски прашања.

Ова доаѓа откако првиот човек на тетовската болница, Флорин Бесими си поднесе оставка и таа одлука ја сподели јавно преку социјалните мрежи.

Дел од медиумите веќе шпекулираат дека Филипче би можел да си поднесе оставка.

Претходно, заменикот министер за здравство Илир Хасани попладнево соопшти дека како морален чин поднесува оставка од функцијата

Back to top button
Close