Филипче за вербалната препирка со Пендаровски: Секој треба да го искаже својот став
Секогаш сме имале добри односи со шефот на државата, Стево Пендаровски, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју на „360 степени“.
На прашањето дали се нормалнизирани односите меѓу Филипче и Пендаровски по вербалната препирка пред извесно време, министерот вели дека нивните односи се сосема нормални.
„Добро е да имаме вербални препирки, да се разменат мислења и секој да може да ги каже своите ставови“,
вели Филипче.
Тој додава дека и по таа ситуација комуницираат со шефот на државата и во однос на процесот на имунизација против ковид, но и за други тековни работи.
„Мислам дека такво конфронтирање е здраво, бидјеќи секој треба да има можност да си го искаже ставот и на крајот од таква работа секој може нешто и да научи -рече Филипче.