Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крива Паланка Венко Филипче.

– ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие.

Единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност. Македонија не смее да биде изолирана , мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од НАТО и да станеме дел од ЕУ. Ние таму припаѓаме, меѓу развиените земји.

СДСМ е единствениот гарант за европската иднина, ние не се плашиме од реформи, од европски обвинители, а тие кои денес владеат и тоа како имаат. Затоа ќе прават се, ќе се кријат зад лажен патриотизам за да избегнат одговорност, потенцира Филипче.

Back to top button
Close