Филипче: Жените се нашата сила за напредок!

Борбата за правата на жените е борба за праведно општество. Затоа секогаш ќе го креваме гласот против дискриминацијата, нееднаквоста и насилството, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче.

-Денеска во Струмица, на 10-тиот јубилеен Осмомартовски марш на Форумот на жени на СДСМ, марширавме исправени заедно, за еднаквост, правда и мир.

СДСМ секогаш гледа напред и ќе се бори за рамноправност на жените. Социјалдемократската идеологија е единствената што се залага за еднакви услови за развој и напредок на жените, како и за унапредување на женското лидерство.

Нашата визија е општество во кое жените се економски силни и се зајакнуваат на сите позиции, без затворени врати. Општество во кое солидарноста е првата асоцијација за жените. Жените се нашата сила за напредок, затоа ќе ја продолжиме борбата за нивно економско зајакнување и подобар животен стандард.

Нека е честит 8 Март – Меѓународниот ден на жената!, вели Филипче.

Back to top button
Close