Филиповски: Аеродром победува, граѓаните ценат искреност, а не калкуланти

„ВМРО – ДПМНЕ и Муцински знаат дека губат! Јасно е како бел ден, од Железничка до Лисиче! Јасно им е на нив и затоа се „без компас“. Повеќе од половина од програмата им е препишана, со неостварливи ветувања. И до некаде ги разбирам… Не се движеле тука, немаат контакт со реалноста и тешко им е да напишат програма со реално остварливи проекти, па ќе ветуваат „брда и долини“, ова го истакна Александар Филиповски, кандидат за градоначалник за општина Аеродром, на вечерашниот централен митинг на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, во паркот Мичурин (кај Железничка станица).

Филиповски говореше и за фактот дека аеродромци ценат луѓе кои пораснале во Аеродром и ги знаат карактеристиките на општината, маалските проблеми и предизвици. Тој ги повтори и главните проекти од изборната програма: изградбата на две нови градинки, во Мичурин и Ново Лисиче, изведбата на нов младински центар, два затворени базени, монтажни гаражи, нов парк од 5.000 м2 и др. Кандидатот за градоначалник на Аеродром говореше и за својот противкандидат од ВМРО – ДПМНЕ.

  • Ако Тимчо Муцунски веруваше во својата победа уште првиот ден откако ја објави кандидатурата за градоначалник, ќе си дадеше оставка во Собранието. Ако Тимчо толку искрено го сака Аеродром, ќе се откажеше од месечната собраниска плата и целосно ќе се посветеше на Аеродром. Е, на Аеродром не му требаат вакви калкуланти, посочи Филиповски пред граѓаните кои беа дел од вечерашниот митинг.

На митингот се обратија и градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов и претседателот на Владата, Зоран Заев.

Аеродром ќе добие нова гимназија, а предвидено е и затворање на Усјанскиот канал. Мостот „АСНОМ“ станува реалност и тоа е значаен капитален проект за општината и градот. Шилегов потсети и за реконструкцијата на првата фаза од булеварот „АСНОМ“, но и на улиците „Владимир Комаров“, „Видое Смилевски – Бато“ и др. Исто така, во Аеродром се подигнати и 47.000 м2 нови зелени површини. „Затоа, Аеродром и Скопје на 17 – ти октомври гласаат за број 12, за СДСМ и коалицијата, за да продолжат успешните политики“, заврши градоначалникот на Скопје.

Премиерот Заев говореше за мерките кои Владата ги има преземено за подобрување на животот на сите граѓани. Денеска минималната плата е 15.200 денари, зголемени се платите во здравството, образованието, културата, полицијата и одбраната. Заев истакна дека оваа Влада силно инвестира и во младите и младинските политики. Тој најави дека од први јануари 2022 година, Владата ќе ги плати придонесите за секој млад човек кој ќе тргне на работа. „Останете дома, во своите општини и ангажирајте се на пазарот на трудот. Мотивирајте се и започнете свој бизнис“, заврши Заев.

Back to top button
Close