Филиповски: Aктивни центри за стареење, за подостоинствени пензионерски денови

Преку активни центри за стареење, ќе се придонесе за подостоинствени пензионерски денови за највозрасните аеродромци. Целта е да креираме места за нивна социјализација, меѓусебна дружба и комуникација. Аеродром да понуди содржини за највозрасните, ова го истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром во денешната изјава за медиуми.

Филиповски рече дека дополнително ќе се унапредуваат социјалните услуги на локално ниво и преку воведување на домашни посети. Обучени тимови ќе вршат достава на продукти на изнемоштените лица и ќе им бидат поддршка во домаќинството.

Програмските решенија на СДСМ во Аеродром гарантираат и подобри услови за раст и развој на учениците со попреченост.

  • Сите основни училишта ќе добијат сензорни соби, кои ќе бидат опремени со наменски реквизити и материјали, за полесно вклучување на децата со попреченост во образовниот процес, рече Филиповски.

Социјалните политики на локално ниво ќе се креираат и спроведуваат во соработка со граѓанските организации кои делуваат во конкретната област. Па, така уште на самиот почеток на мандатот предвидено е социјално мапирање. Преку истото ќе може да се утврдат вистинските потреби на граѓаните од различни населби.

Александар Филиповски заедно со кандидатите за советници продолжи на маалски средби околу поликлиниката „Јане Сандански“, а вечерва, од 18:30 часот, пред Т.Ц. „Бисер“ ќе се одржи и маалска средба со потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

 

Back to top button
Close