Филиповски: Доградба на ООУ „Блаже Конески“ и нова гимназија во Аеродром

 

„Како нова локална власт, ќе вложиме сериозни средства во создавање на подобри услови во основното образование. За таа цел, ќе ги зајакнеме капацитетите на стручните служби на училиштето, кои ќе работат на советување на децата кои се соочени со различни проблеми. На 5. Октомври – Светскиот ден на учителот, можам да истакнам дека ќе го поддржиме и професионалниот развој на наставниот кадар, изјави Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата.

Филиповски денеска зборуваше за проектите во областа на основното образование. Еден од главните проекти во програмата е доградбата на ООУ „Блаже Конески“, со што двојно ќе се зголеми површината на училиштето. Исто така, заеднички проект со градот Скопје е и изградбата на целосно нова гимназија во Аеродром.

Општината веќе презема активности за опремување на школите со нови ИТ уреди, кои се особено потребни во тек на пандемијата.

  • Фокусот на СДСМ е да се обезбедат квалитетни услови за спроведување на наставата, а општината ќе помогне и со дополнителни наставни помагала. Тоа подразбира опремување на дел од кабинетите со соодветни средства, како и дополнителна набавка на ИТ уреди и смарт табли, за да се обезбеди интерактивен и динамичен образовен процес, кажа Филиповски.

Кандидатот за градоначалник продолжи со дневните средби со граѓани за презентација на мерките од програмата. А, денешниот ден ќе заврши со централен митинг на СДСМ и коалицијата во Аеродром, од 20:00 часот, во Паркот Мичурин, кај Железничката станица, каде што говорници ќе бидат Александар Филиповски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Back to top button
Close