Филиповски: Нова градинка во Ново Лисиче и подобра спортска инфраструктура

Ново Лисиче, каде што сме вечерва го имаме и еден од централните проекти во нашата програма. Оваа населба ќе добие целосно нова градинка, со што ќе се зголемат капацитетите за згрижување на деца од овој дел на Аеродром. Дополнително ќе вложуваме и во спортската инфраструктура. Планираме нови 20 километри вело – патеки, како и нови трим – патеки за трчање“, ова го истакна Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром, на вечерашната маалска средба во Ново Лисиче.

Намерата е да се прават и нови детски и спортски игралишта по населбите, но и да се одржуваат постоечките. Аеродром е општина која е позната по маалскиот соживот, а овие зони, јавни простори придонесуваат за поголема дружба и комуникација меѓу граѓаните. Филиповски се осврна и на другите локални проекти во Ново Лисиче. Тој напомена дека   планирана и реконструкција на детската улица „Тоше Проески“. Исто така, ќе се обнови и партерниот дел меѓу зградите на улицата „Видое Смилевски – Бато“. Кандидатот за градоначалник на средбата во „Реонски Центар“ се осврна и на кампањата во изминатава недела.

– Ме радува фактот што секаде сме добро прифатени. Граѓаните даваат и свои сугестии и предлози, кои секако ги имаме предвид и ќе се вметнат во општинските програми за работа. Победничката енергија е очигледна, но во претстојните денови ќе бидеме уште поприсутни меѓу граѓаните. Ветувам дека оваа активност и комуникација која ја гледате во кампањата, ќе биде и моја пракса и редовна работа како градоначалник на Аеродром, рече Филиповски.

Back to top button
Close