Филиповски: Популарната „Дупка“ во Ново Лисиче ќе го задржи автентичниот изглед

„Спортско – рекреативниот центар во Ново Лисиче, популарната „Дупка“ ќе го задржи својот автентичен изглед. Внатрешните простории беа обновени пред неколку години и како ново општинско раководство, ќе се грижиме за тековно одржување на овој спортски центар“, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.

Инаку, ВМРО – ДПМНЕ и нивниот кандидат Тимчо Муцунски предвидуваат менување на изгледот на популарната „Дупка“, со што одат против интересите на локалното население,

  • Овој дел е белег на Ново Лисиче. Симбол на маалскиот живот и јавен простор кој ги поврзува сите генерации. „Дупка“ останува отворен простор. Нема да дозволиме никакво покривање или негово затворање, затоа што граѓаните го паметат и го сакаат овој рекреативен центар токму во ваква состојба, рече Филиповски.

На овој простор, во летниот период се организираат и културни настани. Кандидатот за градоначалник на СДСМ посочи дека уште повеќе ќр се користи овој центар, како за спортски турнири, театарски фестивали, така и за концерти, перформанси за млади и сл.

Вечерва, од 19:00 часот, СДСМ и коалицијата ќе организираат и граѓанси собир на „Дупка“, каде што граѓаните од Ново Лисиче и овој дел од општината, ќе можат да ги слушнат проектите за развој на населбата.

Back to top button
Close