Филиповски: Презентираме конкретни и реални проекти, а ВМРО-ДПМНЕ манипулираат со јавноста за да седнат во градоначалниката фотелја – ова е разликата

 

Во интервју за НОВА ТВ Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром ја истакна разликата меѓу понудата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог го пренесуваме интегрално, а целото интервју е достапно на следниот линк: https://bit.ly/3AF9BSd .

ВМРО-ДПМНЕ ветуваат проекти кои се невозможни и нереални. Како што се 3000 нови паркинг места. Само за да и биде јасно на јавноста, тоа се повеќе од 12 катни гаражи. Цената на една катна гаража е најмалку 700 илјади евра, а за фактот што нема физички каде да ги сместат овие гаражи, освен ако не сечат зеленило, не сакам ни да коментирам. Кога сме кај зеленило, велат 100.000 метри квадратни нови зелени површини. Па јас не знам дали воопшто излегле да прошетаат низ општината за да видат колку зеленило веќе има и во урбаниот и во руралниот дел. Токму ова и го прашав господинот Муцунски на претходната дебата, каде би биле тие нови зелени површини. Секако, во негов стил, кажа многу убави зборови, но ништо конкретно. Тоа е затоа што нема одговор. Од сите локации кои ги имаат спомнато едниот плац е во сопственост на Министерството за одбрана, еден е приватна сопственост. Јас не велам дека тука не треба да има паркови, но тоа е едноставно невозможно да се вети. Срамота е во 21 век, кога културата во политиката би требало да е веќе на повисоко ниво, вака грубо и без срам да ги лажат граѓаните.

Во Аеродром потребно е дополнително садење висококвалитетни дрвја, потребни се зелени скверови, кои ќе бидат висококвалитетни и распоредени рамномерно на целата територија на општината. Имаме планирано и нов парк од 5.000 метри квадратни долж Вардар и редовно одржување на сите зелени површини во општината. Ова е остварливо и потребно. Токму тоа е главната разлика помеѓу нас и ДПМНЕ – ние презентираме конкретни и реални проекти, а тие манипулираат со јавноста за да седнат во градоначалниката фотелја. Ама, жителите на Аеродром знаат да препознаат и затоа знам дека нè чека голема победа, говори Филиповски во своето интервју.

 

Back to top button
Close