Филиповски за УБ: Урбанизацијата ќе се пренасочи во периферните делови, 20% зеленило во рамки на градежнаата парцела…

„Имам 14 годишно работно искуство во приватниот сектор и можам сето знаење да го искористам за Аеродром, заедно со граѓаните да направиме почиста општина, повеќе паркови и спортско – рекреативни зони“, посочи Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром, на своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Во изминативе години, во Аеродром беа реализирани и успешни проекти. Локалната самоуправа подигна 6 нови паркови и целосно се реконструирани 15 детски игралишта. Сепак, Филиповски истакна дека постои простор за поголем напредок и нови успешни проекти.

Запрашан во врска со урбанизацијата, како еден од најгорливите проблеми на национално ниво, кандидатот на СДСМ посочи дека истата ќе се пренасочи кон периферните делови.

  • По однос на урбанистичкото планирање, нема простор за грешка. Сега имаме и Партиципативно тело кое е вклучено во носење на урбанистичките планови, а инспекциските служби ќе вршат надзор и на законската одредба – 20% зеленило во рамки на градежнаата парцела. Приватната сопственост ќе ја почитуваме, но нема да дозволиме оттуѓување на државно земјиште и дехуманизација на јавниот простор, кажа Филиповски.

Тој посочи дека сериозно ќе се зголеми зеленилото, рамномерно по сите населби. Аеродром ќе добие нов парк на 5.000 м2, од „авиончето“ до автобуската постојка на последна „5 – ка“, а предвидено е и садење на 5.000 висококвалитетни дрвја. Исто така, меѓу покапиталните проекти се и изградбата на двете градинки во Мичурин и Ново Лисиче, како и зголемување на капацитетите на ООУ „Блаже Конески“.

 

 

Back to top button
Close