Филиповски: затворање на Усјанскиот канал и интензивна двонасочна комуникација со граѓаните

 Усјанскиот канал, кој претставува повеќедецениски проблем на граѓаните од Лисиче конечно ќе биде затворен. Овој потег претставува место и за несовесно одложување на отпад, за ширење на непријатни миризби, но оваа слика станува минато. Ова денеска го изјави Александар Филиповски, кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.

  • Во соработка со градот Скопје ветуваме затворање, но и целосно уредување на потегот кај Усјанскиот канал. Овој дел ќе прерасне во зелена, рекреативна зона, која ќе можат да ја користат околните жители, посочи Филиповски.

Кандидатот за градоначалник Филиповски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, вечерва од 18:00 часот, ќе одржат и маалска средба со граѓани кои живеат во околината на Усјанскиот канал, со цел да им го презентираат ова решение.

При денешната изјава за медиуми, Александар Филиповски посочи дека покрај унапредувањето на животната средина, како градоначалник на Аеродром сериозно ќе се посвети и на двонасочната комуникација со граѓаните.

  • За таа цел, ќе креираме и мобилна апликација преку која аеродромци по дигитален пат ќе контактираат со секторите при локалната самоуправа. Но, исто така ќе имаат можност да го следат и статусот на предметите, барањата во општината. Ова е начинот за да имаме проактивна комуникација, реализација на проектите и задоволни граѓани. Концептот „Најдоброто за Аеродром“ е концепт за отворена и проактивна општина, заврши кандидатот за градоначалник.

Филиповски заедно со советниците попладнево оствари средби и со повеќе граѓани и дуќанџии околу ТЦ „Бисер“, при што им ги презентираше политиките и мерките за овој дел од Аеродром.

Back to top button
Close