Филков: Можеби е дојдено време да се ревидира Бадентеровото мнозинство
Можеби е дојдено време да се ревидира Бадентеровото мнозинство, Македонија мора да оди напред, смета министерот за правда Игор Филков,пред гласањето во Собранието за изборните измени и од гласањето во ДИК околу бројот на општинските советници, што ги кочи ДУИ.
-Се надевам дека до објавувањето на ова издание, Собранието веќе ќе ја има завршено домашната рабвота и нема да дозволи да се создаде правен вакуум. Но, доколку тоа не се случи, значи употребата на Бадентеровото мнозинство се злоупотребува. Ако е така, тогаш можеби е дојдено време да размислиме за потребата тоа да се ревидира. Македонија мора да оди напред – одговори Филков.
Тој не одговори во која насока би одело можното менување на Бадентеровото мнозинство.
Сега е познато дека измените во Законикот не се донесоа поради ставот на ДУИ чии пратеници беа против и со што не можеше да се исполни Бадентеровиот принцип. Потпретседателот на ДУИ и актуелен кандидат за градоначалник на Чаир Бујар Османи на својот профил на Фејсбук реагира и напиша дека „со ова се потврдува дека планот за демонтирање на Охридскиот договор се реализира чекор по чекор