Филков: Ново барање за екстрадиција на Груевски би било беспредметно

Министерот за правда Игор Филков, во интервју за неделникит ,,Фокус”, одговара и на прашањето зошто државата веќе шест години не го бара екс премиерот Никола Груевски од Унгарија.

ФОКУС: Дали поднесовте ново барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски?

ФИЛКОВ: За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од 20.11.2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година.
Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите постапки за кои е распишана потерница.
Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 5.8.2019 година, со образложение дека на Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон, лицето не може да биде предадено на државата од која избегал.

ФОКУС: Значи веќе шест години државата не го бара Груевски од унгарските власти. Зошто не е пратено ново барање, бидејќи последното беше испратено во 2019 година, а во 2023 година, државата го доби најсилниот аргумент да ѝ биде испорачан бегалецот, односно правосилната пресуда за „Плацови на Водно“, со која Груевски е осуден на 9-годишна затворска казна?

ФИЛКОВ: Друго барање за екстрадиција немаме поднесено затоа што би било беспредметно. Ќе повторам, Република Унгарија му даде азил на Никола Груевски и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал. Сѐ додека некое лице ужива азил, екстрадицијата ја одбиваат.
Состојбата внимателно се следи и кога ќе се создадат услови секако дека ќе поднесеме ново барање, што впрочем е исто како за секој предмет за екстрадиција.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close