Филмот „Сестри“ на Дина Дума е македонскиот кандидат за Оскар

 

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на С Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.

Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија (ДФРМ), одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, составена од Дејан Димески – кинематографери претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ-Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор, Дритон Вејсели – актер, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Режисерката Дина Дума и продуцентката Марија Димитрова на доделувањето на специјалната награда од жирито во програмата „Источно од Западот“ на 55. издание на филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка

Во конкуренција за кандидатурата бил и филмот „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94. церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

Back to top button
Close