Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Францускиот институт во Скопје заедно со Кинотека на Северна Македонија организира вечер посветена на младите и оние што се чувствуваат така, со интересен анимиран филм на Реми Шаје и одлична комедија претставена на официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година.

Во терминот од 18 часот вечер ќе може да се погледне анимираниот филм КАЛАМИТИ ЏЕЈН на Реми Шаје (2021)

Дејството се случува во 1863, САД. Во конвој упатен кон Запад со надеж за подобар живот, таткото на Марта Џејн се повредува. Таа треба да го предводи семејниот караван и да се грижи за коњите. Токму тогаш започнува една опасна авантура полна со средби низ кои ќе дојде до израз храброста на Каламити Џејн.

 

 

Back to top button
Close