Филмскиот фестивал „Киненова“ завршува вечер, ќе бидат доделени наградите

Со доделувањето на фестивалските награди вечер во Кинотека на Северна Македонија свечено ќе биде затворено шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.

Во жирито на официјалната селекција (главна натпреварувачка програма) се Петар Валчанов, претседател и Зане Балчус и Владимир Ангелов, членови, а за кратките филмови одлучуваат  Мехмет Бахадир ЕР, претседател на жирито и Петар Станојловиќ и Никола Поповски, членови.

Изминативе денови публиката можеше да погледне долгометражни и кратки филмови, но и да ужива во богатата понуда на работилници, панел дискусии, разговори со режисерите.
На последниот ден од Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Collective“ („Колектив“) на Александар Нанау од Романија.

Back to top button
Close