Филозофскиот факултет и додели награда, Ванковска побара да не одржува комеморација кога ќе умре

Најстарата високообразовна институција во Македонија, Филозофскиот факултет во Скопје и додели награда на професорката Биљана Ванковска.

Таа се забрагодари за плакетата но одби да ја прими и побара факултетот да не одржува комеморација кога таа еден ден ќе умре.

МОЕТО ЗБОГУВАЊЕ СО НИВ

Почитувани:

 

Благодарам за пораката и за одлуката на Комисијата.

 

Сепак, сакам да Ве информирам дека најљубезно ја одбивам како не само задоцнет чин, туку и непристоен. Откако деканот буквално се обиде да ме посрамоти пред колективот и јавноста, а со тоа и натера на предвремено пензионирање, плакетата не ми значи ништо. Дури ја сметам и за циничен гест во овој миг.

 

Дозволете истовремено да Ви соопштам дека моја интимна желба е Факултетот да не одржува никаква комеморација кога ќе заминам засекогаш. Се надевам ќе ја почитувате мојата желба, кога и да дојде до тој финален чин.

 

Поздрав

Проф. Билјана Ванковска

 

Писмото на кое реагира Ванковска

 

 

Back to top button
Close